ЕСПАИ, систем за онлајн анкети

Анкета: „Какви се ефектите на КОВИД-19
врз економијата и кои се решенијата за излез од кризата?“

За да се утврдат состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со КОВИД-19 пандемијата, како и на можните мерки за излез од економскиот застој, одговорете на прашалникот. Вклучете се во носењето на решенија и пренесете го вашиот став како претставник на бизнис секторот. Стопанските комори во соработка со други релевантни институции ќе изработат студии по сектори и ќе излезат со позициони документи кои директно ќе ги достават до надлежните органи. Ќе се опфатат ефектите од досега донесените мерки и можните долгорочни решенија за нормализирање на економијата.

Ве молиме внесете податоци за валидација



Ве молиме одберете еден од секторите за кои сакате да дадете одговори за актуелните состојби.

Ви благодариме на соработката.

Анкетата е целосно анонимна, внесените одговори се агрегираат во самото истражување и не се поврзуваат со поединечен анкетиран субјект. Оваа активност ќе се реализира во рамките на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементирана од страна на ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ, во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија


НАПОМЕНА

Согласно Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија, со пополнување на прашалникот, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработувани. Напоменуваме дека, собирањето на податоците и нивната обработка ќе бидат користени единствено за потребите на истражувањето.