ЕСПАИ, систем за онлајн анкети

Анкета „Како до правилна даночна политика со КОВИД-19?“

Почитувани,

Економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 нанесе тежок удар врз приватниот сектор, а со тоа и големи предизвици во редовното плаќање на даноците и фискалните давачки. Веќе на сила стапија повеќе антикризни мерки за поддршка на приватниот сектор, меѓу кои покривање на дел од придонесите за вработените од страна на државата. Затоа ве повикуваме да го одговорите прашалникот кој на стопанските комори ќе им послужи за креирање на студија со предлог на мерки и препораки за даночната политика кои ќе се достават директно до надлежните органи.

Ве молиме внесете податоци за валидација



Ви благодариме на соработката.

Анкетата е целосно анонимна, внесените одговори се агрегираат во самото истражување и не се поврзуваат со поединечен анкетиран субјект. Оваа активност ќе се реализира во рамките на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементирана од страна на ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ, во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија


НАПОМЕНА

Согласно Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија, со пополнување на прашалникот, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработувани. Напоменуваме дека, собирањето на податоците и нивната обработка ќе бидат користени единствено за потребите на истражувањето.